ПОВЕЌЕ

    САД со грант од 56,6 милиони долари ќе и помага на Македонија во економијата и намалување на корупцијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој  УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

    – Овие средства УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата, се наведува во владиното соопштение.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично