ПОВЕЌЕ

    САД се сомневаат, но немаат докази за чиповите во паметните телефони на Huawei

    Време зa читање: 2 минути

    САД немаат докази дека кинескиот производител Huawei може да произведува паметни телефони со напредни чипови во голем обем, изјави американската министерка за трговија, Џина Раимондо.

    Huawei неодамна започна да го продава својот телефон Mate 60 Pro, со чип за кој аналитичарите веруваат дека е направен со напредна технологија од страна на кинескиот производител Semiconductor Manufacturing International Corp.

    „Немаме никаков доказ дека тие можат да произведат седум нанометарски чипови“, рече Раимондо на сослушувањето во Претставничкиот дом на САД.

    Од 2019 година САД го оневозможија пристапот на Huawei до одредени алатки за производство на чипови, нарекувајќи го Huawei безбедносен ризик, што компанијата го негира. Владата на САД соопшти дека Huawei претставува „неприфатлив“ ризик за националната безбедност поради заканата од шпионирање на американските телекомуникациски мрежи.

    Одделот за трговија соопшти дека месецов работи на добивање повеќе информации „за карактерот и составот“ на чипот кој би можел да ги прекрши трговските ограничувања, бидејќи сметаат дека сигурно е направен со американска технологија.

    Раимондо на сослушувањето пред Комитетот за наука на Претставничкиот дом изјави дека е вознемирена од извештајот за напредните паметни телефони на Huawei.

    Некои републиканци мислат дека Министерството за трговија треба да го прекине целиот извоз на технологија за Huawei и SMIC.

    Неколкумина претседатели на комитети, меѓу кои за надворешни работи и за енергетика и трговија, побараа од Министерството за трговија да престане да им дава лиценци на Huawei и SMIC. Исто така, бараат дополнителен притисок од САД и „поефективни контроли на извозот врз нашите противници“.

    Раимондо одби да коментира дали размислува да ги прекине сите лиценци за Huawei.

    Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека овој месец владата на САД се обидува да добие повеќе информации за чипот на Huawei.

    Исто така, Раимондо посочи дека се „загрижувачки“ очигледните забрани на одделни официјални претставници на кинеската влада за користење на ајфоните на Apple.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично