ПОВЕЌЕ

    РУСКО СЦЕНАРИО: Економски крах или инфлација во светот до 2024 поради Ковидот?

    Време зa читање: 2 минути

    Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19.

    Според извештајот на Централната банка на Русија, светската економија може да влезе во кризно сценарио поради зголемување на глобалниот долг на државите и зголемувањето на бројот на компании со слаби финансиски резултати.

    Банката развила четири различни сценарија кои можат да се случат во блиската иднина до 2024 година. Според основното сценарио, рецесијата може да се избегне доколку државите го завршат целосното вакцинирање и напредните економии да се насочат кон нормализација на монетарната политика.

    Другите три можни сценарија се мрачни. Едно од нив е влошување на состојбата со пандемијата и предизвикување значителен економски крах низ целиот свет. Второто сценарио предвидува подобрување на состојбата со Ковид-19, но, зголемување на инфлацијата на светско ниво.

    Третото сценарио е замислено со нормализација на монетарната политика од државите со напредни економии кое е придружено со нестабилна динамика на финансиските пазари кое ќе предизвика недостаток на доверба кај инвеститорите. Ова можно сценарио во извештајот е претставено како најнепосакувано.

    Руската економија моментно страда од неверојатно висока инфлација од 6.5% и е причина за намалување на животниот стандард во период кога на државата и претстојат парламентарни избори.

    Во јули гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина најави зголемување на каматните стапки за да одговара со стапката на инфлација во државата. Целта на оваа мерка е да го поттикне штедењето и да го намали задолжувањето. Банката има цел да ја намали стапката на инфлација до 4%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично