Британскиот „Економист“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот.
Британскиот весник го стори тоа во согласност со „Големиот мек индекс“, кој се користи за мерење на паритетот на куповната моќ и пресметување на „реалните“ девизни курсеви.
Авторите зедоа за пресметка еден стандарден производ што може да се купи во повеќето земји во светот, но за поинаква цена, во зависност од валутата. За да се пресмета паритетот на куповната моќ, се користи хипотезата според која истиот производ треба да чини подеднакво во сите земји во светот. Поинаква состојба укажува на тоа дека стапката на размена на локална валута е прениска или превисока.
Според “Економист”, „Биг Мек“ сендвич од Мекдоналдс, во јануари 2021 година во САД чини во просек 5,66 долари, а во Русија – 135 рубли (1,81 долар). За да се „изедначи“ вредноста, треба да се добијат 23,85 рубли за доларот, додека во реалноста вреди три пати повеќе.
Според експертите, курсот на рубљата е намален за 68 проценти, а имајќи ја предвид промената на БДП на земјата по глава на жител, курсот е намален за 47,3 проценти, што ја прави руската валута најпотценетата валута во светот.
Други валути со најниски курсеви се доларот од Хонг Конг (46,8 проценти) и турската лира (39,7 проценти).
„Големиот мек индекс“ е еден од начините да се одреди куповната моќ и јачината на валутите ширум светот, а тој се заснова на собирање компаративни податоци за цените на овие сендвичи, пренесува Спутник.