ПОВЕЌЕ

    Ролинг Стоун: Твитер е „со една нога во гроб“, една година откако го превзеде Илон Маск

    Време зa читање: 6 минути

    На 22-ри октомври лани, Илон Маск уживаше во својот прв и последен добар ден како шеф на Твитер (сега X). Откако го купи за 44 милијарди долари што се обиде да го избегне, но беше законски принуден да го затвори, тој се обиде да направи комедија со реквизит – влезе во седиштето на компанијата со порцелански мијалник додека трепкаше со мангупска насмевка. Ова беше местенка за да се искористи играта на зборови што го најавуваше неговото доаѓање: „Нека потоне!“ („Let it sink!“) изјави тој во натписот во видеото од неговото влегување во Твитер.

    Нецела година подоцна, тешко ќе ви биде да наведете барем едно подобрување на страницата под раководство на Маск. Неговите најголеми идеи му се разнесоа во лице: месечна претплата од 8 долари за сина ознака што на корисниците им беше потребна опција да се сокријат за да избегнат потсмев. Напуштањето на вредното име на брендот и логото во корист на бесмисленото „Х“, што поттикна тужба за трговска марка и доведе до поставување на блескава метална конструкција Х на покривот на канцеларијата на Твитер, која градските инспектори ја отстранија само неколку дена подоцна.

    Последниот потег на Маск беше да ги отстрани насловите од врските на написите, оставајќи само слика и медиумски извор, за кои се чини дека верува дека изгледа подобро и ќе ги задржи корисниците да продолжат да скролаат. Но, за оние кои следат вести на апликацијата, тоа го прави X многу побесмислен.

    Се разбира, овие грешки се бледи во споредба со непријатните вибрации што Маск ги култивира со враќањето на десничарските екстремисти и продавачите на дезинформации кои претходно беа забранети од платформата, засилувајќи ги нивните теории на заговор и осигурувајќи нивните безвредни објави да бидат вметнати во доводите „За тебе“ од Алгоритми на Твитер. Тој ја поддржува пропагандата на белата супремација, ги поддржува сметките на омраза против ЛГБТК и, додека огласувачите бегаат од овие неподносливи услови, успеа да најде начин како за катастрофалната загуба на приходи да обвини една еврејската група за граѓански права која се бори против антисемитизмот.

    Колку долго може да опстојат овие урнатини на поранешна полуфункционална веб-страница? Иако успеа да набрка милиони дневни активни корисници откако Маск почна да се занимава со него, поверојатно е дека крајот на играта ќе се сведе на пари. Седум банки предводени од Морган Стенли имаат долг од околу 13 милијарди долари откако го поддржаа блокбастер договорот на Маск минатата година, а самата компанија веројатно вреди многу помалку во овој момент – дури и според неговата сопствена математика. Ако X не може да продолжи да ги плаќа своите квартални камати од 300 милиони долари, финансиските фирми може да ја вратат во сопственост со цел да надоместат дел од нивните загуби.

    Деновиве, кога ќе ги спомнете безбројните грешки на Маск при водење на X, добивате стандардна реплика од неговите бранители. Не е важно дали ќе спомнете за неговиот растечки очај (како кога ја молеше Тејлор Свифт да ја објави своја музика на платформата), или техничкиот дефект што откри дека инфраструктурата на платформата се кине по рабовите (како што беше она со замрзната слика од преносот во живо на границата меѓу САД и Мексико, каде што ја ставил својата каубојска капа за да се прослави како антиимиграциски идеолог, грешка што го натера да испрати е-пошта со натпис „Ве молам поправете го ова“ до сите вработени).

    Одговорот е секогаш горе-долу ист: Ако Твитер навистина умира, зошто сè уште објавувате на него?

    И тоа е фер прашање, дури и ако со тоа очигледно се избегнува прашањето за неспособноста на Маск. Претпоставувам дека мешавината на инает и морбидна љубопитност игра најголема улога во задржувањето на личности како што сум јас. Од друга страна, не ми е прв пат да имам онлајн заедница десеткувана од непријателска сила, но има нешто и што би се објаснило со потребата да го искористите максимумот од крајот со вашите преостанати пријатели – како на пример споделување мрачен хумор и чувство за хуманост како ситуацијата продолжува да се расплеткува.

    И речиси мора да им се восхитуваме на размерите на спектаклот: Маск потроши пари колку БДП на една мала земја за да си купи светкава играчка, а потоа прави се таа за да се истумба и да изгори како Тесла на Autopliot. Има некаква болна возбуда кога го гледате како објавува дотерување што никогаш нема да се оствари – елиминирајќи ја функцијата „блок“, на пример – и потоа влегувате во борба со @Catturd2 поради тоа. Тој отпушти илјадници и не е над личното за да отпушти, на пример, инженер кој се осмелува да го поправи, но сепак верува дека X сè уште може да се трансформира во „апликација за сè“, интегрирајќи ги услугите за плаќање и купување. Тие работи веројатно ќе бидат неодредено одложувани, исто како и долго ветените мисии на SpaceX на Марс. Кој би можел да не се забавува со таква сага за самоуништување?

    Маск не е дека не го бива за трговец, а тоа, во комбинација со безусловната возбуда од поддржувачите, ја одржа жива идејата за неговиот претприемачки и иновативен гениј. Тој и оваа публика трошат повеќе енергија секој ден на одлучно негирање на мрачните наслови и нејасно уверувајќи ги сите дека X всушност „просперира“ како никогаш досега. Порано или подоцна, тоа магично размислување ќе се насукаат на реалноста, а дотогаш, да, страницата ќе преживее – но во состојба на будна пропаст, со база на корисници поделена меѓу оние кои канибализираат она што остана и запрепастените гледачи.

    Тоа тешко може да се се смета за со здрав јавен форум погоден за живеење, а камоли за имот што еден ден може да донесе профит. Меѓутоа, тој нуди илузија на живот, но сведен на расправии, злоупотреба, обвинувања и одвратност. Парадоксот на она што беше Твитер е тоа што сега се одржува со малку, освен меѓусебниот презир на закоравените борци кои се борат за една педа територија. И никој не сака да ја отстапи земјата, заклучува во својот едиторијал американското списание за музика, поп-култура и политика, Ролинг Стоун.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично