ПОВЕЌЕ

    РКЕ: На сметките за струја ќе биде јасно означено дали потрошувачката е читана или проценета

    Време зa читање: < 1 минутa

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека од најдоцна за два месеца на сметките за електрична енергија ќе стои дали броилото е читано од ЕВН или се работи за проценка, што ќе им овозможи на корисниците поголема прецизност при следењето на потрошувачката. Заедно со ова, корисниците ќе добијат и упатство за правилно читање на броилата, со цел да ја разберат сметката и да ја проверат точноста на податоците.

    Цената на струјата останува стабилна со последната понуда од страна на државните електрани ЕСМ од 62 евра за мегават час, но во есенскиот период се очекува нова анализа и евентуални промени. Ова е поради можното намалување на државната поддршка условено со Планот за раст на ЕУ, односно ЕСМ наместо 85% да и продава на ЕВН 70% од потребната количина електрична енергија. Затоа корисниците треба да бидат подготвени за евентуални корекции на цената.

    Овие новини ќе ја зголемат транспарентноста и ќе им помогнат на домаќинствата подобро да ги планираат своите трошоци.

    .https://youtu.be/ZTzZPO5j0hY?si=MPXwo_qp4wMnC1kz

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично