ПОВЕЌЕ

    „Реплек АД“ со А – интегрирана дозвола како потврда за компанија со висока свест за животната средина

    Време зa читање: 3 минути

    Продолжуваат инвестициите во унапредување на работењето и модернизација во сите сегменти од работењето на „Реплек АД“. По низа активности и инвестиции кои беа реализирани во изминатиот период, РЕПЛЕК ФАРМ, компанија основана од Реплек АД, ја доби А – интегрираната еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој документ е потврда за одговорното работење, континуиран мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, далеку под дозволениот минимум.

    Во текот на имплементацијата на потребните чекори кои се дел од условите за добивање на А – интегрираната дозвола се работеше во неколку поглавја, а тоа се: мерење на емисии во воздухот, мониторинг на квалитет на отпадни води, мерење на бучава, соодветен третман на отпадот, редовно известување за нивото на потрошувачка на електрична енергија и вода и мерки за поголема енергетска ефикасност. Покрај мониторингот, во рамките на дозволата се дефинирани и начините и временската рамка за известување и доставување на податоци од мониторингот до надлежните институции.

    А – интегрираната еколошка дозвола е заокружување на уште една етапа од мерките за подигнување на квалитетот на работењето на компанијата и воведување нови иновативни напредни технологии. Покрај тоа во Реплек АД се воведени и стандардот за квалитет  ISO 9001:2015 и стандардот за животна средина ISO  14001:2015.

    За да и придонесе кон намалување на C02 емисиите „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична (соларна) централа, со инсталирана моќност од 948.29 kWp. Со оваа инвестиција, над 40% од вкупната потрошувачка на електрината енергија на компанијата се заменува со обновлива сончева енергија, со што се намалува користењето на фосилни горива.

    Инвестициите во заштита на животната средина се значајни за заедницата во која делува компанијата, но истовремено придонесуваат за подигнување на стандардите во работењето и зголемување на конкурентноста на пазарите. Над 75 отсто од производите на „Реплек АД“ се пласираат на странските пазари, а компанијата е присутна на повеќе од 25 пазари во светот. Останатиот дел од производството се пласира на домашниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично