Францускиот производител на автомобили Рено, денес објави дека ќе го продаде целиот 1,54 процентен удел во германската компанија Дајмлер.
Рено наведува дека ќе ги продаде своите 16,45 милиони акции во Дајмлер.
Врз основа на цената на акцијата на Дајмлер од 72,09 евра за акција, уделот на Рено ќе вреди нешто повеќе од 1,8 милијарди евра.
„Индустриското партнерство меѓу групите Рено и Дајмлер останува исто и финансиската трансакција нема да има никакво влијание“, се вели во соопштението.
Францускиот производител на автомобили размени, удели со Дајмлер во 2010 година, со својот јапонски партнер Нисан за зајакнување на индустриското партнерство.