ПОВЕЌЕ

    Регистрирана брзина од 209 км/ч, но со „Безбеден град“ прекршоците се преполовија

    Време зa читање: 2 минути

    Двојно се намалиле сообраќајните прекршоци во текот на вториот ден од функционирањето на системот „Безбеден град“. Регистрирани се 50.652, за разлика од 110-те илјади снимени на први декември, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Според статистиката на МВР, најголемиот дел од прекршоците – 48.861 се за пречекорена брзина, 1.366 за минување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.

    За 12 часа во текот на вчерашниот ден системот забележал вкупно 22.600 нови прекршоци, од кои речиси 95 отсто или 21.400 се за возење над дозволената брзина.

    Како „жешки точки“ каде што се регистрирани најголем дел од прекршоците, според информацијата на МВР дадена за МИА, наведени се 4.300 на излезот од Скопје кон Тетово. Потоа, 3.000 на булеварот „Никола Карев”, попознат како пластичарска улица.

    Највисоката, пак, измерена брзина во пробниот период е 209 километри на час. Најниската брзина за која е регистрирана казна во тест периодот е 51 километар на час.

    Најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улиците „Цветан Димов” и „Џон Кенеди”.

    Камерите од системот ги снимаат само оние возила кои направиле сообраќаен прекршок, а не и вкупниот број возила што се движеле по улиците во градот за време на тест периодот.

    Линк до поткастот КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ( https://www.youtube.com/@parimedium/videos )

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично