ПОВЕЌЕ

    РЕЏЕПИ: Гасот до домовите и фирмите мора да биде приоритет на новава влада

    Време зa читање: 3 минути

    Се плашам дека владата на ВМРО ДПМНЕ и на ВЛЕН (ВРЕДИ) ќе се откажат од развивање на дистрибутивната мрежа со која ќе треба гасот како енергенс да пристигне до домаќинствата и фирмите, вели потпретседателот на ДУИ и поранешен директор на државната НОМАГАС, Бајрам Реџепи, за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според Реџепи, постои голема опасност владата да го напушти моделот на јавно – приватно партнерство и да се обиде дистрибутивната мрежа да ја развива преку државно претпријатие, што може дополнително да ја усложни целата постапка.

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    „Каде закочи дистрибутивната мрежа и зошто толку тешко оди спроведување на проекти што се од интерес и на граѓаните, и на бизнисот, и на државата.

    И тоа не е малку. И тоа е отприлика милијарда. Ама секако дека тоа треба најбрзо што може да се почне градбата. Сѐ е спремно. За жал претходнава влада не успеа тоа да го направи бидејќи во последната фаза се појави само една компанија која што не беше некако прифатлива, немаше прифатлива понуда и тоа беше многу лоша вест. Но, сегашнава влада има апсолутно сѐ спремно да го објави тој повик за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и за финансирање на …..

    Ајде да им објасниме на оние што нѐ следат: што би било тоа финансирање на дистрибутивната мрежа. Не е јасно во јавноста што значи, како ќе биде регулирано, кој ќе гради, што ќе донесе и сѐ тоа.

    Па врз основа на физибилити студијата што беше направена во 2014та и после беше обновена после некое време, тој проект треба да биде со јавно-приватно партнерство. Целото финансирање, проектирање, изградба, одржување и тн. треба да биде не од државни пари, туку приватни. Државата треба да влезе во партнерство со таа компанија. И тоа беше така замислено тие да го изградат, според физибилити студијата требаше да започне во 38 општини во првата фаза, во првите 4 години да заврши 50 % од градските средини, а 20 % од руралните средини, да заврши концесијата после 35-та година, но многу е битно да се каже дека беше планирано и затоа имаше толку одолговлекување на постапките, бидејќи … и таа мрежа треба да биде за пренос на водород, не само за природен гас. Така што тоа малку ја поремети целата работа бидејќи секако дека се зголеми капексот, инвестицијата на приватниот партнер што требаше да влезе во такво партнерство. Но, тоа е многу битно. Слушнав дека сегашнава влада нема намера тоа да го прави, ќе биде многу погрешно и тоа ќе има драматични последици. Ако нема да се користат сегашните преносни водови за да се однесе гас до секое семејство, тоа ќе биде многу кардинална грешка и еве моја препорака до Владата е тоа да го направат како што беше планирано во физибилити студијата

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично