ПОВЕЌЕ

    СОБИРАЈТЕ ПАРИ: Од Октомври се враќа редовното плаќање на кредитите

    Време зa читање: 2 минути

    Граѓаните би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките, но само ако останат актуелните каматни стапки. Сепак, засега нема ништо ново за оваа тема и останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.

    Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата.

    Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.

    Фирмите им должат на банките 2,7 милијарди евра, а граѓаните 2,8 милијарди евра.

    НБРСМ нема законска можност да прогласи мораториум на наплатата на кредитите, туку само да преговара со банките за да му излезат во пресрет на населението и стопанството и во та насока да ја усмерува регулативата. Мораториум на обврските за кредити прогласија Италија (до крај на корона кризата), Унгарија и Австрија до крајот на годината, а Црна Гора, Србија, Албанија во период од 3 месеци.

    – Доколку во натамошниот период, околностите поврзани со пандемијата на КОВИД-19 наметнат потреба од нови активности, членките на МБА ќе ја разгледаат можностa за понатамошна помош на населението и стопанството во услови на пандемија, рекоа од оваа асоцијација.

    Според податоците на Народната банка во првиот квартал од годината 4,7 проценти од кредитите не можеле да се наплатат. Периодот не ги опфаќа април, мај и јуни. Годишната стапка на раст на депозитите на корпоративниот и граѓанскиот сектор изнесува 8,4 проценти, а кај вкупните кредити растот изнесува 6,6 проценти и се должи на зголеменото кредитирање и на компаниите и на домаќинствата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично