Ефимија Димовска е член на Надзорниот одбор на Развојната банка. Именувана е од Владата, со мандат од четири години.
„Ве известуваме дека врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за именување на член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија бр.18 – 10890/1 од 02.12.2025 година, а согласно решението на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија бр.15 – 40232/7 од 30.12.2025 година, за член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 31.12.2025 година е именувана Ефимија Димовска“, се вели во известувањето објавено на Македонска берза.
Димовска е академски професор и истражувач со PhD во областа на економијата и финансиите, со посебен фокус на развојно финансирање, проектен менаџмент и управување со финансиски институции. Има искуство во високото образование, предавајќи и спроведувајќи истражувања поврзани со економски развој и финансиски механизми, вклучително и програми за поддршка на микро и мали претпријатија.
Според податоците од веб-страницата на Развојната банка, Надзорниот одбор е во состав Андриана Матлиоска (претседател), Христина Келемен, Тања Михајловска Димитриевска и Александар Ѓорѓиевски.
Аналитика








