ПОВЕЌЕ

    Туџаров разрешен, берза го прекина тргувањето со акциите на Реплек

    Време зa читање: 2 минути

     

     

    Македонската берза времено го суспендираше тргувањето со акциите на Реплек АД Скопје.

    -На 09.04.2021 година Македонска берза АД  Скопје времено го прекина тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје во очекување друштвото да објави одлуки од собранието на акционери, стои во објавата на берза.

    Прекинувањето со тргувањето со акциите на Реплек следува откако во јавноста се појави информација дека мнозинството акционери го разрешиле целиот менаџерски тип во Реплек на чело со генералниот директор Иван Туџаров.

    Mнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецовски на годишното Собрание на акционери на Реплек АД Скопје, изгласале недоверба на сите членови на Управниот Одбор и на Надзорниот Одбор на компанијата.

    Мнозинството акционери било впрочем против одобрување на работата на двата одбори, поради незадоволство и нетранспарентно работење.

    Инвеститори кои поседуваат над 5% акции во Реплек се:

    • Отворен Задолжителен Пензиски Фонд Сава Пензиски Фонд 6,40%
    • Славица Туџарова Трајковска 11,57%
    • Владимир Пецовски 5,79%
    • Душан Пецовски 11,92%
    • Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје 6,10%
    • Иван Туџаров 11,20%

    Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на годишното Собрание на акционери во рок од 8 до 15 денови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично