ПОВЕЌЕ

    Раст од 7,4% и вредност од 270 милиони евра – Инвестициските фондови во мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    Отворените инвестициски фондови на крајот од мај имале вкупна нето вредност од 16,6 милијарди денари, односно 270 милиони евра. Во текот на петтиот месец од годинава постигнато е зголемување од 7,4 проценти во однос на состојбата забележана на последниот ден од април.

    Вкупниот прилив на средства во отворените инвестициски фондови изнесува 24,39 милиони евра. Тоа, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, во споредба со април претставува поместување за 0,13 насто. Или, во април приливите биле 24,38 милиони евра.

    Намалување, и тоа за 58,72 проценти е забележано кај одливите на средства и во мај се работи за сума од 9,12 милиони евра.

    Резултатот од постигнатото во овие сегменти е нето-разликата, која и во мај е во позитивната зона. Овојпат со износ од 15,27 милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично