Кандидатката за градоначалничка на општина Центар, Билјана Ивановска, најавува јасен „план за старт“: целосна дигитализација, попис и проценка на општинските ресурси и подготовка на проекти за европски фондови. Целта е транспарентност и ефикасно користење на средствата од самиот почеток.
„Во првите шест месеци би направила дигитализација на се што е можно во Општината. Тоа се многу важни процеси што треба да се направат, алатки кои што треба да овозможат полесно функционирање на Општината и поголема отвореност и достапност до граѓаните. Ви кажав и прееска, прво, попис ќе направена на се што е општинско, да видам што има, кај има, каде е, во каква состојба е и што треба да се направи за подобрување на тие ресурси. Тие се првите и основни работи. Тој попис треба да ми каже понатаму на општина Центар, во рамките на општина Центар имаме ние сериозни спортски објекти кои што со процес на децентрализација можат да бидат во надлежност на Општината. Има многу што да се направи, има многу што да се сработи. Ќе засукам ракавите и проекти да се направат за европски фондови. Така што, навистина, има многу.“
Билјана Ивановска од „Независни заедно“ во „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Следете нè и притиснете „subscribe“.