ПОВЕЌЕ

    Први во регионот – 17 вработени во Комерцијана банка со сертификат од „Green Finance Academy“ на ЕБОР

    Време зa читање: 2 минути

    Седумнаесет вработени на Комерцијална банка добија сертификат од „Green Finance Academy“ на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Тие се првите банкарски работници во регионот што ја поминаа оваа едукативна платформа на ЕБОР и се стекнаа со врвно знаење и корисни вештини за зелено финансирање.

     

    Ценејќи го зеленото финансирање како современ и исклучително значаен финансиски производ, Комерцијална банка, како прва банка од земјите во регионот, се приклучи на онлајн академијата „Green Finance Academy“ на ЕБОР, која е поддржана од ГЕФ и Австрија. Со тоа им овозможи на своите вработени преку оваа едукативна платформа да се здобијат со знаења од областа на зелената продажба, родово одговорните финансии, финансирање што не влијае штетно врз климата, финансиски решенија за зелени домови, како и за обновлива енергија.

    И, во натамошната активност, со стекнатите нови знаења да им понудат на клиентите квалитетни и разновидни производи и услуги и корисни совети и информации кои значат можност за „зелени“ инвестиции, одржлив раст и развој на нивниот бизнис и заштеда на енергија.

    Со овие активности, кои се заеднички проект и плод на долгогодишната соработка на Комерцијална банка и на ЕБОР, остануваме посветени на одговорното финансирање и управување со што ќе оставиме „зелен“ печат за поздрава животна средина и подобро општество.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично