ПОВЕЌЕ

    Прва голема американска банка на клиентите им нуди пристап до биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Морган Стенли е првата голема американска банка што им нуди на клиентите за управување со богатство пристап до средства на биткоин, дознава ексклузивно CNBC.

    Инвестициската банка, гигант што управува со имотот на клиентите вреден четири милијарди долари, во средата во интерниот меморандум им соопшти на своите финансиски советници дека ќе иницира пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоини.

    Овој потег, значаен чекор за прифаќање на биткоинот како класа на средства, го презеде Морган Стенли откако клиентите побараа изложеност на криптовалути, велат луѓето кои не сакаат да бидат именувани.

    Порастот на биткоинот во текот на изминатата година изврши притисок врз фирмите на Волстрит да размислат да се приклучат на нова класа на средства.

    Засега, банката ќе им дозволи пристап на своите побогати клиенти до ова непостојано средство: банката смета дека е соодветна за луѓе со „агресивна толеранција на ризик“ кои поседуваат најмалку 2 милиони американски долари средства.

    На инвестициските фирми им требаат најмалку пет милиони американски долари за да се квалификуваат за нови влогови. Во двата случаи, сметките мора да бидат стари најмалку шест месеци.

    Дури и за оние акредитирани инвеститори во САД со брокерски сметки и со доволно средства да се квалификуваат, Морган Стенли ги ограничува инвестициите во биткоин на 2,5 проценти од нивната вкупна нето вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично