ПОВЕЌЕ

    Прв меѓународен “PROSPECTING & OUTREACH” самит

    Време зa читање: 3 минути

    Обезбедете си го вашето БЕСПЛАТНО виртуелно место на првиот меѓународен „Prospecting & Outreach“ самит и дознајте како да ги зголемите вашите B2B продажни резултати.

    Онлајн настан којшто ви ги носи на едно место најдобрите, реномирани лидери од цел свет, коишто ќе го споделат своето стручно мислење за сите деликатни и ‘жешки’ теми од областата на Prospecting & Outreach.

    Пополнете ја вашата продажна инка и развијте го вашиот бизнис со успешни Prospecting & Outreach кампањи!

    Со усовршување на стратегиите на процесот на prospecting и outreach, компаниите можат да поттикнат позитивни промени во нивниот начин на работа, што ќе резултира со поголема продуктивност, и експоненцијален раст.

    Самитот ќе биде БЕСПЛАТЕН, целодневен настан, којшто ќе се одржи ОНЛАЈН на 15ти ноември, 2022 год.

    “Prospecting & Outreach” самитот е генијално дело на BizzBee Solutions, којшто ви ги носи светски познати експерти од областа на продажба и развој на бизнисот, prospecting и outreach и ентузијасти за раст на едно место.

    12 говорници од 7 земји од целиот свет!

    Слушнете ја Becky Davidson (USA) – стратег за продажба, тренер и сопственик на Motivation Marketing, Juergen Stichenwirth (AUS) – основач и извршен директор во VendoSolutions, Борче Манев (MKD) – хакер за раст и извршен директор и основач во IMA, Vikram Rajan (USA) – Претседател на Practice Marketing, Inc., и ко-основач на Videosocials, B, Martin J Williams (UK) – мозокот на претворање на странци во клиенти за консултантски фирми, Васко Карангелески (МКД) – ентузијаст за раст, сертифициран менаџмент консултант , МБА и страствен претприемач, Relja Denic (SRB) – извршен директор на Skylead, Andi Jarvis (UK) – стратегиски директор кој води интензивни стратешки работилници и програма за развој на ефективни маркетинг стратегии и многу други говорници!

    Овој самит претставува ретка шанса да бидете на исто место со толку многу реномирани експерти и да ги чуете како разговараат за ‘жешки’ и тековни бизнис теми и да бидете дел од настан што ќе го промени курсот на современиот prospecting.

    Овој револуционерен настан ќе опфати B2B теми, какошто се:

    • Алатки за Prospecting & Aвтоматизација

    • Outreach пораки & cоздавање на контент

    • Надворешни канали: LinkedIn наспороти Email наспроти Cold Calling

    • Prospecting како услуга (PaaS)

    • Градење кариера во областа на prospecting

    • Рrospecting на претпријатија и најдобрите практики на SDR професионалците

    Дознајте повеќе за Самитот и резервирајте го вашето место тука: https://bizzbeesummit.com/.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично