ПОВЕЌЕ

    Промени во Управниот одбор на НЛБ Банка: Бојан Стојаноски меѓу новите членови

    Време зa читање: 2 минути

    Бојан Стојаноски, Драгиша тадиќ и Кирил Бухов се новите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка. Во работењето на ова раководно тело ќе се вклучат од почетокот на идната кодина. Нов четиригодишен мандат и е доверен на Катерина Јанковиќ.

    Ова се одлуките на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, донесени на вчера одржаната седница. На која е усвоена и предлог-одлуката за зголемување на тимот во Управниот одбор, од четири на пет члена.

    Како што е наведено во информацијата објавена на Македонска берза, четиригодишниот мандат на Бојан Стојаноски ќе започне на први јануари 2026 година. На оваа позиција Стојаноски доаѓа од Стопанска банка Скопје, каде што беше генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор. Од тие функции се повлече пред десеттина дена.

    Мандатот на Кирил Бухов ќе почне на трети јануари, а на Драгиша Тадиќ еден ден подоцна.

    Именуваните лица официјално ќе ги преземат функциите откако ќе добијат согласност од Народната банка.

    ЗОШТО ВО СКОПЈЕ СНЕМУВА ВОДА: Да читаш, па да ти се плаче

    Досегашните членови на Управниот одбор – Петер Зелен и Игор Давчевски, ќе продолжат да ги извршуваат функциите до истекот на нивниот мандат, соопштија од НЛБ Банка.

    ПРОДАЖБАТА БЛЕСКА, ПРОФИТОТ СЕ ГУБИ – Добивката на Сваровски за една година паѓа за 65,8%, иако приходите скокаат за 70%

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично