Коронавирусот ги заостри рестриктивните мерки што ги преземаат властите во земјите низ светот со цел да го заштитат населението од ширење на заразата. Таквите мерки веќе имаат свое влијание и врз пазарот на недвижнини. Какви промени може да се очекуваат на овој пазар?
Резултатите покажуваат дека најголем дел од испитаниците во Србија се во потрага по стан – 90%, додека 26% бараат куќа. Над 60% од испитаниците во исто време ја разгледуваат понудат и на стари и на новоизградени станови. Само за новоизградени станови се заинтересирани 11% од испитаниците.
На прашањето во која фаза се сопствениците кои го продаваат својот имот, најголем дел од нив – 30% велат дека примаат повици, но немаат средби со заинтересирани. Од друга страна, скоро една третина од испитаниците рекле дека се подготвени да ги однесат своите заинтересирани клиенти во обиколка на имотите што ги продаваат, но само со мерки за заштита.
Како одговор на прашањето, што мислат кои се отежнувачки околности кога размислуваат за барање недвижнина, повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека не сакаат сега да разгледуваат, бидејќи се грижат за своето здравје. Скоро исто толку испитаници рекле дека сега не е време да се трошат пари.
Скоро сите агенции за недвижнини, коишто учествувале во истражувањето на 4zida.rs, 99% од нив изјавиле дека вонредната состојба има негативно влијание врз нивната работа. Инвеститорите се поголеми оптимисти, па 81% од нив оценуваат дека коронавирусот има негативно влијание врз нивната работа, а 19% сметаат дека нема да почувствуваат некои посебни последици.
Агенциите за недвижнини во Србија се соочуваат со два вида на проблеми на пазарот на недвижнини – пад на побарувачката за недвижнини и откажување на сопствениците од продажба.
Вкупно 78% од инвеститорите во Србија планираат некои од градежните проекти да ги одложат за подоцна, а само 4% ќе се откажат од сите идни проекти. Малку повеќе од една петтина од инвеститорите не планираат да ги променат своите планови во поглед на изградба на нови објекти.
Во врска со движењето на цените на недвижнините, 52% од инвеститорите мислат дека цените ќе се намалуваат во следниот период, додека остатокот сметаат дека цените на новоградбите ќе останат исти.
Запрашани кога очекуваат пазарот да се врати во нормала, сопствениците на недвижнини сметаат дека потребни се повеќе од шест месеци.
Извор: Бизнис инфо