ПОВЕЌЕ

    Промената на менаџерите на Ексон значи порака за нафтените компании

    Време зa читање: 2 минути

    Активениот инвестициски хеџ фонд Енџин Бр. 1, кој ја критикуваше климатската стратегија на американскиот нафтен гигант, компанијата Ексон, доби поддршка од акционерите за промена на најмалку двајца директори од одборот на директори, што претставува сериозен пораз за оваа компанија која некогаш беше многу моќна.

    За прв пат во модерната американска историја, една од најголемите нафтени компании се соочи со неодбранбен активистички предизвик од еден инвестициски фонд.

    Загрижен за лошите финансиски резултати на „Ексон“ и незаинтересираноста за глобалните климатски проблеми, хеџ-фондот побара промена на дури четворица директори на годишното собрание на акционери.

    Хеџ фондот Енџин Бр. 1, исто така, ја критикуваше неподготвеноста на Ексон да ги распредели и пренасочи своите активности кон обновливи извори на енергија.

    Сепак, откако гласаа акционерите на состанокот, хеџ фондот Енџин Бр. 1 успеа да освои две места во управниот одбор, а за останатите две места, ситуацијата остана неизвесна.

    Афирмацијата на политиката која предупредува за експлоатацијата на фосилни горива во една од најголемите американски нафтени компании претставува пресвртница во борбата против климатските промени.

    Смената на двајца директори во управниот одбор на „Ексон“ претставува силна и гласна порака до другите нафтени компании во време кога Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека одма треба да се запре експлоатацијата со нафта и гас за да се избегне голема климатска катастрофа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично