ПОВЕЌЕ

    Продажба без притисок: Драган Војводиќ ќе говори на „Be#Next 3“ во Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    На конференцијата „Be#Next 3“, која ќе се одржи во Скопје, гостин ќе биде Драган Војводиќ – еден од најпознатите „sales“ тренери на Балканот, официјален претставник на Sandler Training од Балтимор, САД, и прв сертифициран Sandler тренер од регионот.

    Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Војводиќ својата кариера ја започнува во Porsche, продолжува во Volvo и Raiffeisen Bank, а подоцна го напушта корпоративниот сектор за да се посвети на развој на продажни професионалци и имплементација на структуриран продажен систем.

    Тој е автор на книгите „Hraniti ego ili porodicu?“ и „Zašto Zlatni Orao lovi Vuka?“, кои се насочени кон лична и бизнис одлука. Во 2012 година, по покана на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, одржува предавање во Белиот двор, заедно со мотивацискиот говорник Ник Вујичиќ.

    Покрај бизнис искуството, Војводиќ има и психолошка едукација – изучувал Логотерапија, третата Виенска школа по психијатрија, кај проф. др. Криже Катиниќ од Загреб. Неговиот пристап комбинира психологија на однесување со структуриран и мерлив продажен систем.

    Методологијата Sandler, која ја претставува, е присутна во повеќе од 300 центри во над 30 земји и се смета за една од глобално признатите продажни методологии. Се базира на рамноправен однос меѓу продавачот и купувачот, јасна комуникација и долгорочна соработка.

    Драган Војводиќ во Скопје доаѓа во рамки на „Be#Next 3“ конференциите, чиј автор е поткаст водителот и претприемач Георги Докузов. Тој неодамна беше и гостин во Next Gen Podcast, каде зборуваше за продажба, одлуки и одговорност во бизнисот.

    Настанот е наменет за претприемачи, продажни професионалци и лидери кои сакаат да унапредат продажни процеси и да донесуваат поодржливи бизнис одлуки.

    Сите заинтересирани учесници можат да ги набават своите карти на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично