Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп најави дека во населбата Волково ќе биде изграден излетнички центар со разни содржини за сите возрасти. Ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни.
„Овде го градиме најголемиот парк во Прилеп. Паркот во Волково ќе биде излетнички центар со содржини за сите генерации, има пешачки и велопатеки, детски игри, фитнес зони и простор за одмор.
Ова ќе биде место каде се среќаваат семејството и пријателите. Со еко решение и соларно осветлување го градиме најчистиот парк во градот.
Паркот ќе биде жив простор и ден и ноќ. Со светло, живот и зеленило. Ова е место за одмор, енергија и природа во срцето на Прилеп. Ова е вистинскиот избор, парк Волково каде Прилеп дише зелено“, рече Проданоски.