ПОВЕЌЕ

    ПРОБЛЕМОТ ВО ПРИЛЕПСКО Е СЕРИОЗЕН, ЌЕ БАРАМЕ РЕШЕНИЕ: Премиерот Мицковски вели автопатот мора да се реализира, во спротивно ќе одиме на арбитража

    Време зa читање: 4 минути

    До вчера протестираа во Баница, општина Гостивар, денес во Прилеп. Свесни сме дека протестите на локалното население на Ореовец, Крстец и Плетвар ќе продолжат, затоа што проектот за изградба на автопатот мора да се реализира, оти инаку државата ќе оди на арбитража, а на арбитража штетата ќе биде огромна, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестите на жителите од прилепските Ореовец, Крстец и Плетвар кои се против отворање на каменолом во близина на селото Ореовец од страна на фирмата „Бехтел и Енка“, кои денес кулминираа со повеќечасовна блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско.

    Премиерот, сепак, најави дека ќе се бара решение за овој случај. Напомена дека досега единственото решение е да се користи варовникот од друго место, но тоа, како што рече, ќе изнесува дополнителни 18 милиони евра. “Тоа се проблеми наследени од минатото. Претходната влада преземала обврска да ги реши имотно-правните обврски до средината на минатата година, во спротивно, месечно треба да плаќаме три милиони евра пенали. До сега требаше 36 милиони евра само по основ на пенали да плаќаме. Јас сочувствувам со сопствениците на населбата и сакаме да помогнеме. Досега единствено решение е да се користи варовникот од друго место, но тоа значи дополнителни 18 милиони евра“, изјави Мицкоски по средбата со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.

    Жителите на Прилеп, Оревоец, Крстец и Плетвар денес од 6.30 до 9 часот наутро го запреа сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Градско во знак на протест поради тоа што на концесионерот Бехтел и Енка му било одобрено да експлоатира камен во непосредна близина на селата, на падините на Бабуна планина. Откако организираа повеќемесечни блокади на влезот на селото за да го попречуваат ископот на градежен материјал на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатиштата, жителите на прилепските села барикадите ги преселија на магистралниот пат со цел да го свртат вниманието на надлежните, затоа што велат каменоломите им ја загадуваат животната средина и изворите со вода.

    Неколкуте минирања кои биле извршени од концесионерот, пред локалното население да започне да ја блокира нивната работа, предизвикало материјални штети врз објекти во селото, но биле загрозени и изворите на вода за пиење од кои се снабдуваат овие села, едни од ретките локални извори за водоснабдување во прилепската котлина, која има децениски проблеми со недостиг на вода за пиење.

    Дали 18 милиони евра се спорни за спас за Прилеп и дали се повредни од здравјето на околу 50 000 население, го прашуваат премиерот од граѓанската иницијатива Спас за Прилеп, кои беа организатори на протестот. Тие велат дека ја поддржуваат новата власт и новиот премиер да најдат решение за сериозниот проблем. Но, од Спас за Прилеп му порачаа на Мицковски „не го минимизирајте проблемот“ бидејќи проблемот е прилепски,  каде еден цел град е загрозен од загадување на воздухот со канцерогена силикатна прашина, а воедно се загрозени и единствените извори за вода, порачаа тие. „Имаме наоди од официјални вешти лица кои велат во пределот на оваа планина не смее да се рудари, а камо ли да се минира“, се додава во реакцијата на иницијативата.

    Од Спас за Прилеп напоменуваат дека имаат добиени резултати од вештачење на хидрогеолог во кое недвосмислено се потврдува дека мермеризираните варовнички слоеви кај и во непосредна близина на каменоломот кој сака да го експлоатира Бехтел и Енка се единствените водоносни средини на планината и дека рударските активности влијаат и ќе имаат влијание на измена на режимот на подземните води и во кое се дава негативно мислење за копање на мермеризираниот варовник во близина на селото Ореовец.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично