Е-commerce на Комерцијална банка втора година по ред го добива признанието од Visa за ланскиот остварен најголем раст во прифаќањето картички во електронската трговија.
Признанието од светскиот aвторитет во дигиталните плаќања е резултат на иновативните решенија и беспрекорната услуга во e-commerce работењето. Квалитетот се препознава и од страна на клиентите, кои се повеќе ја манифестираат својата доверба кон Банката.
Понудата на Комерцијална банка постојано се зголемува со иновативни производи и услуги кои ги задоволуваат новите потреби на пазарот, каде што безготовинските плаќања се доминантни.
Современо дигитално решение е и E-commerce услугата, која на трговците им овозможува да вршат продажба 24/7 на купувачите низ светот. И, како што наведуваат од Комерцијална банка, и понатаму останувааат посветени на развојот на услугата, со цел обезбедување најсовремени решенија за онлајн продажба.