ПОВЕЌЕ

    Привремено решение за камионџиите до почетокот на летото, крајно до есен – Викторија Трајков за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија и земјите од Западен Балкан ја засилуваат дипломатската офанзива за проблемот со ограничувањето „90 дена во 180“ за професионалните возачи/превозници во ЕУ. Викторија Трајков, заменик министерката за европски прашања во поткастот „Каде се парите?“, објаснува дека досега имало состанок на високо политичко ниво со Европската Комисија и состаноци на техничко ниво, а последниот технички состанок беше во петок, 27.02.2026. Таа потенцира дека пристапот е сериозен и од македонска и од европска страна, дека комуникацијата е интензивна и дека целта е да се дојде до креативно преодно решение, кое потоа ќе се доработи во трајно решение.

    „ВТ: Интензитетот со кој што работиме и со сите кои што се вклучени во разговорите, можеби до лето ќе најдеме решение.

    ГТ: Преодно решение.

    ВТ: Преодно.

    ГТ: А она што се вика финално, за да знаат камионџиите, односно превозниците…

    ВТ: …Мислам дека кога креативното решение го најдеме, тоа би било добра основа за трајно решение, така што веднаш после пронаоѓање на едно такво решение, креативно, кое што би било преодно, мислам дека веднаш после тоа можеби ќе биде некои финеси, контури кои што дополнително ќе треба да се додадат….

    …Нека биде на некоја рамка, но еве пак ќе кажам да не се сфатиме погрешно, ние немаме конкретни рокови, немаме конкретни датуми кои што ги разговараме, ние инсистираме што побрзо да имаме решение на целиот проблем“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично