ПОВЕЌЕ

    Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснале за 87,5 отсто и достигнале 1,5 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

    Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци пораснала за 87,5 отсто и достигнала 92,6 милиони денари, односно 1,5 милиони евра. Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени за 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиони денари или 3,8 милиони евра.

    -Податоците за исплатени штети и продадени полиси потврдуваат дека приватното здравствено осигурување, во контекст на актуелната здравствена пандемија, станува многу популарно и се пошироко прифатено кај осигурениците (граѓани и правни лица). Истовремено се зголемуваат износите кои осигуреници ги вложуваат во приватно здравствено осигурување со цел да обезбедат поквалитетна здравствена заштита од јавното здравство, која не е на товар на државниот буџет и на државниот Фонд за здравствено осигурување, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

    Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Тоа, посочуваат од АСО, е за 68 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година кога друштвата за осигурување ликвидирале 5.432 штети.

    Во првото полугодие се продадени 9.870 полиси за приватно здравствено осигурување што е за 46 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. За првите шест месеци годинава до АСО се доставени само две претставки од незадоволни осигуреници за покритие на штета по полиса за приватно здравствено осигурување.

    Вредноста на штети исплатени за приватно здравствено осигурување достигнала пет отсто во вкупниот износ на бруто исплатени штети (БИШ) за првото полугодие оваа година. За овој период учеството на исплатени штети за приватно здравствено осигурување пораснало за 67 отсто во споредба со истиот период лани кога оваа класа осигурување во БИШ учествувало со три отсто.

    Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари односно 10.000.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично