Колку е платен владиниот тим? Владата ги објави примањата- на сметка на премиерот Димитар Ковачевски секој месец легнуваат 88.260 денари нето плата. Првиот човек на државата е на врвот на владиниот платен список. Од министрите пак, највисока плата зема првиот полицаец во државата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Неговата нето плата е речиси премиерска 86.324 денари.
Основната плата на премиерот Ковачевски е 78.896 денари, а за минат труд добива уште 9.364 денари. За споредба претходниот премиер Зоран Заев имаше иста основна плата, а поевтин минат труд поради што земаше вкупно 87.913 денари.
Основната плата на сите министри им е 65.026 денари. Разликите се појавуваат само поради ставката минат труд. Кај министерот Спасовски само му се утврдува зголемување за 20 проценти на плата за функцијата што ја извршува.
Од вицепремиерите Славица Грковска има највисока плата (73.045 ден.), Фатмир Битиќи (71.762 ден.), Артан Груби(70.478 ден.).
Ако се земе во превид одговорноста на една Влада, може да се заклучи дека платите се далеку од атрактивни. Само за споредба, платите на владиниот тим отприлика се движат како просечна плата на еден програмер.
Последната статистиката за февруари 2022-ра вели дека просечната плата на програмерите во земјава изнесувала 81.172 денари.