ПОВЕЌЕ

    Преглед на пазарите: Во фокус инфлацијата, растот и војната на Блискиот Исток

    Време зa читање: 5 минути

    Неделен преглед на пазарите на капитал

    • САД

    Индексите ја завршија неделата без значителни промени, а во фокус беа податоците за инфлацијата и очекувањата дека ФЕД ќе ја промени монетарната политика од рестриктивна кон експанзивна. Компаниите со голема пазарна капитализација и блу чип акциите остваријанајзначаен перформанс во рамки на индексите, предводени од банкарскиот сектор чии резултати ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Растот на каматните стапки ги зголеми добивките на најголемите банкарски гиганти, како JP Morgan Chase, Wells Fargo и Citigroup. Изгледите за проширување на војната на Блискиот Исток по минатонеделните напади од Хамас на Израел позитивно се одрази врз цените на нафтените и компаниите од воената индустрија, а негативно на авионските компании и крузерите. Претставниците на ФЕД се согласија дека официјалниот став на ФЕД треба да биде насочен повеќе кон должината на периодот на кој каматните стапки треба да останат на исто ниво, отколку досегашниот став кој се однесуваше до кое ниво да се зголемат каматните стапки. До крајот на неделата, пазарите вклучуваа веројатност од 5,7% покачување на каматната стапка за ноември 2023 година, наспроти 27,1% од претходната недела. Во четвртокот беше објавен податокот за базичната инфлација, кој беше во рамки на очекувањата и покажа раст од 4,1% годишно.

    Име на индекс Вредност на затворање во петок Неделна промена Процентуална промена од почеток на годинава
    Dow Jones Industrial Average 33.670,29 0,8% 1,58%
    S&P 500 4.327,78 0,4% 12,72%
    Nasdaq Composite 13.407,23 -0,2% 28,10%
    S&P MidCap 400 2.442,8 -0,5% 0,51%
    Russell 2000 1.719,71 -1,5% -2,36%

     

    • Европа

     Во Европа берзанските индекси се зголемија во текот на неделата. Индексот STOXX Europe 600 се зголеми за 0,95%, како резултат на коментарите на ФЕД за можно запирање на зголемувањата на каматните стапки и извештаите кои покажуваат дека Кина размислува за нови стимулативни економски мерки. Германскиот DAX се намали за 0,28%, францускиот CAC 40 се намали за 0,80%, а италијанскиот FTSE MIB ја заврши неделата за 1,53% повисоко. На пазарите на должнички хартии од вредност, приносот на европските државни обврзници имаше значително намалување како резултат на зголемената побарувачка на средства кои инвеститорите ги перцепираат како сигурно прибежиште за нивните вложувања. Германија ја намали проекцијата за економскиот раст за 2023 година на -0,4%, а образложението е зголемените цени на енергенсите и помалата побарувачка од поголемите економии како што е Кина. Првичните проекции од април годинава беа дека германската економија ќе оствари раст од 0,4%. Министерството за економија на Германија прогнозира раст од почетокот на 2024 година, а растот ќе се должи на зголемената побарувачка кај потрошувачите.

     

    • Азија

    Индексите во Јапонија се зголемија во текот на неделата. Индексот Nikkei 225 се зголеми за 4,3%, а индексот TOPIX ја заврши неделата за 2,0% повисоко. Јенот се намали околу 149,6 јени за УСД од 149,2 јени за УСД и покрај зголемената побарувачка за валути кои се сметаат за сигурно прибежиште за инвеститорите во тек на зголемените немири на Блискиот Исток. Приносот на јапонската 10-годишна државна обврзница се намали на 0,76% од 0,8% на крајот на минатата недела. Од ММФ ја зголемија проекцијата за економскиот раст на Јапонија за 2023 година на 2% од минатата проекција која беше 1,4% годишен раст.

    Индексите во Кина се намалија во првата недела на тргување по празниците, поради стравот од можна дефлација. Производствените цени се намалија повеќе од очекувањата, односно за 2,5% пониско од минатата година, но помалку од пред еден месец, кога годишното намалување беше 3%. Прекуокеанскиот извоз се намали за 6,2% во септември 2023 година, што е помалку во споредба со август кога годишното намалување беше 8,8%. Увозотисто така забележа годишно намалување од 6,2% за септември 2023 година, наспроти 7,3% во август 2023 година.

     

    Можности за инвестирање во наредниот период

    Во 2023 година глобалниот економски раст успори, а макроекономскиот амбиент се влоши. Делумно тоа беше предизвикано од растот на цените на потрошните добра што ја намали куповна моќ на потрошувачите и предизвика пад на реалната потрошувачка. Централните банки ја продолжија борбата со инфлацијата и се уште водат рестриктивна монетарна политика. 

    Во ваков амбиент цените на берзанските стоки почнаа да се намалуваат, но се уште постои нагорен притисок врз цените со оглед на силниот пазар на труд. Во очекување на намалување на каматните стапки и избегнување на рецесијата, инвеститорите преферираа инвестирање во акции, обврзници, но и во циклични компании, особено во оние кои работат на проекти поврзани со вештачката интелигенција, електрични возила, виртуелна реалност и слично.

    Во овие услови фондовите на КБ Публикум инвест АД Скопје нудат можност инвеститорите да остварат соодветен принос во новонастанатите трендови и промени.

    Имено, КБ Публикум – Балансиран и КБ Публикум – Обврзници се оптимални за поконзервативни инвеститори кои сакаат да остварат повисок принос од кеш фондовите и депозитите. За оние инвеститори кои, пак, очекуваат дека ќе има намалување на каматните стапки за поттикнување на економскиот раст, што поволно влијае врз растот на златото, фондот КБ Публикум – Златен е одлична можност, заеднo со фондот КБ Публикум – Обврзници како поконзервативна опција.  

    Од друга страна, фондот КБ Публикум – Акции и КБ Публикум – МБИ10 нудат одлична можност за инвеститорите кои очекуваат дека ќе се избегне рецесија и ќе се стабилизираат монетарните политики на глобално ниво. За инвеститорите кои сакаат да заштедат на покус период, максимум до 1 година, а воедно да остварат атрактивен принос, најповолен е фондот КБ Публикум – Паричен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично