Како што „Реплек АД“ го зајакнува производството и своите позиции на пазарот, така и претседателот на Управен одбор го зголемува своето акционерско учество во компанијата..
Постапувајки согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД објавува дека претседателот на Управен одбор Душан Пецовски се стекна со нови 5 акции и сега поседува 3105 или 11,98%
Еве една важна информација за акционерите и идните инвеститори во Реплек АД:
Во првиот квартал од 2022 „Реплек АД“ оствари раст на приходите од продажба од 5,7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Остварените резултати се убедливо најголемиот раст на приходите од продажба на компанијата во прв квартал од почетокот на нејзиното постоење. До крајот на годината планиран е раст на приходите од 20 отсто.
Како извозна компанија „Реплек АД“ е фокусирана на дополнително освојување и пробив на пазарите во Европската Унија. Компанијата е веќе присутна на пазарите на некои од земјите од Унијата, а се работи и на освојување на нови пазари во ЕУ, но и во Африка и Азија. Компанијата активно работи на проширување на соработката со земјите членки на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН), а паралелно и на подобро позиционирање на домашниот и регионалните пазари.
Скоро 75 отсто од производството на „Реплек АД“ се пласира на странските пазари, а 25 отсто отпаѓа на домашниот пазар.
Производите на компанијата се присутни на повеќе од 25 пазари во целиот свет. Меѓу нив, покрај оние на земјите од ЕУ, најголеми се пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други.
„Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“, која од 2011 година го поседува ГМП-сертификатот на ЕУ за добри производни практики во фармацевтската индустрија. Овој сертификат гарантира квалитет и е потврда дека лековите на компанијата се целосно усогласени со највисоките светски стандарди во оваа индустрија.