ПОВЕЌЕ

    Познатата лондонска продавница трајно е затворена по 500 години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Иако многу продавници низ Англија повторно се отвораат по мерките за ублажување на корона вирусот, една од најстарите во Лондон наредниот месец засекогаш ќе ги затвори вратите.

    Продавницата “Артур Бил” во лондонскиот Вест Енд, отворена пред 500 години, снабдуваше морнари и авантуристи со производи и опрема. Во него, познатите планинари Тензинг Норгај и Ерик Шиптон ги купија јажиња за нивната прва експедиција на Монт Еверест во 1935 година.

    Скапата кирија и пандемијата од корона вирусот доведоа до затворање на продавницата на 24 јуни. Веста за затворањето на познатата лондонска продавница предизвика голем број тажни коментари на социјалните мрежи.

    Иако “Артур Бил” ќе биде затворен следниот месец, основачот Тејлор рече дека компанијата ќе отвори магацин надвор од Лондон и ќе започне да продава преку Интернет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично