ПОВЕЌЕ

    Повисока стапка на ДДВ, даночна дисциплина и зголемена старосна граница за пензионирање – препораки од Светска банка

    Време зa читање: 4 минути

    Со зајакнување на буџетската дисциплина, со подобрување на ефикасноста на јавните расходи и на наплатата на даноците, Северна Македонија ќе може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност. Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти и елиминирање на преференцијални стапки за производите и услугите кои не се неопходни, што се предлага меѓу мерките за зголемување на даночните приходи. Потребни се реформи во образованието, здравството и во јавната администрација… се посочува во извештајот насловен „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување на отпорноста“, што го објави Светска банка.

    Најновата стратегија, со која фискалната нерамнотежа требаше да се намали со економскиот раст, не донесе задоволителни резултати. Во последната деценија земјата се соочува со повисоки фискални дефицити во споредба со другите држави од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од БДП. Затоа, потребни се поголеми напори за Северна Македонија да се осигури дека ќе остане на патот кон приближувањето до ЕУ, се нагласува во извештајо

    „За подобро да се подготви за иднината, сега е клучно Северна Македонија да почне да се справува со фискалните предизвици“, потенцира директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи,. Според него, „обезбедувањето цврсти макроекономски основи може да придонесе за одржлив економски развој и намалување на сиромаштијата додека Северна Македонија се приближува кон членство во ЕУ“.

    Сепак, има напредок во споредба со 2017 година, рече економистото во Свеетскаа банка, Јоана Маџоска. Посочи дека има поголема транспарентност во однос на управувањето со јавните финансии, воведени се фискални правила и Фискален совет. Напредок има и во зголемувањето на даночната база. Но, нагласува, и понатаму има причини за загриженост.

    Од аспект на Фискалната стратегија за 2025 – 2029 година, во извештајот се наведува дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Со спроведување мерки од типот на намалување на ослободувањата од ДДВ, прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП, проценуваат експертите на Светска банка. Исто така, со подобрување на наплатата на даноците и со оптимизирање на расходите, земјата има можност да ги намали трошоците за задолжување и да распореди повеќе ресурси кон основните сектори клучни за нејзината иднина, како што се образованието и здравството.

    Укажувања има и за структурата на буџетот. Пред се за социјалните бенефиции кои се, во просек, 15,6 отсто од БДП. Тоа е над просекот од 11,6 проценти што го има во земјите кандидати за членство во ЕУ. А, пак, во поглед на здравството со јавен трошок од пет проценти од БДП, државата е на најниско ниво од земјите со кои се споредува.

    Зголемување на придонесот за пензии и постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, предлагаат од Светска банка. Притоа, предложени се политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на рапидно стареење на населението. Опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите и враќање на претходното индексирање согласно индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот. Комбинираниот пакет што ги интегрира овие политики би можел да даде побалансирани исходи, спречувајќи го понатамошното натрупување на пензиските расходи и дефицити.

    Во извештајот на Светска банка се наведени низа препраки за насочување на земјата кон поодржлива фискална патека, проследени со конкретни мерки.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично