ПОВЕЌЕ

    Потребна е постепена, а не остра фискална консолидација – Никола Поповски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Фискалната консолидација не значи само „да се скрати дефицитот“, туку долг процес што бара јасна насока и дисциплина во јавните финансии, вели универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски во „Каде се парите?“. Тој предупредува дека најопасно е ако консолидацијата се прави без политички консензус – затоа што една влада може постепено да „штеди“ и да го намалува дефицитот, а следната за две до три години со висок дефицит да ги поништи резултатите од годините назад. Поповски вели дека ако нема договор за основната траекторија, целата консолидација станува привремена и лесно реверзибилна.

    „Тоа што однапред треба да се знае е дека таа влада нема да биде популарна. Министерот нема да биде популарен, веројатно ќе се сменат еден – два  министри, три министри за финансии во процесот на фискална консолидација, но под услов, кога ќе се направи фискалната консолидација, да не дојде влада или министер кој што со три години по 5% дефицит ќе ви поништат за три години 15 години наназад по еден процент консолидација годишно во правата насока што сте ја правеле“.

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично