ПОВЕЌЕ

    Потпишан „Меморандум за соработка“ помеѓу МКА и CEED Бизнис клуб

    Време зa читање: 3 минути

    На 27.11.2023 г. Глигор Михаиловски во својство на Претседател на Асоцијацијата на Менаџмент консултанти и г. Филип Димитровски во својство на Претседател на CEED Бизнис клубот во Северна Македонија потпишаа „Меморандум за соработка“.

    Со Меморандумот се предвидува зајакнување на соработката меѓу двете организации, навремена, непосредна и взаемна комуникација која ќе обезбеди размена на знаење, искуство, суштествени податоци и информации во насока на развојот на претприемништвото во нашата држава, како и вештините, компетенциите и водењето на приватните бизниси од страна на сопствениците на истите.

    Со цел продолжување на традицијата и спроведување на редовната програма на CEED бизнис клубот GROW PLUS, одлучивме да ја збогатиме истата на начин на кој во програмата ќе поканиме вклучување на обучувачи од Асоцијацијата на Менаџмент консултанти, кои од стручна гледна точка се очекува да придонесат кон зајакнување на теоретскиот дел од програмата и нејзината практична примена. Очекуваме зајакнување на процесот на градење капацитети и менаџерски вештини кон сопствениците на бизнисите и извршните директори кои членуваат во CEED Бизнис клубот со цел по-ефикасно и по-профитабилно водење на нивните бизниси – вели Претседателот на CEED Бизнис клубот.

    Теми и области во рамки на програмата предвидуваат, но не се ограничуваат на:

    • Мерење на организациски перформанс преку користење на интерната комуникација
    • Ситуациско лидерство и правилно менаџирање со луѓе на база на компетенции и мотивација
    • Преку инспиративно лидерство до инспирирани клиенти и ефикасно зголемување на продажбата
    • Иднината на работењето и фактори кои влијаат врз мотивацијата на клучните вработени
    • Вештини за влијание кон луѓето, ефективно слушање и важноста од примена на коучинг како алатка
    • Градење компетитивна предност преку иновациски менаџмент во било кој бизнис
    • Напредни преговарачки вештини и презентирање со импакт и многу други..

     CEED Бизнис клуб Македонија претставува платформа за вмрежување и до-едукација наменета за основачи на бизниси и извршни директори, која нуди вмрежување, но и до-едукација на внимателно избрани претприемачи и компании кои делат исти вредности и верување дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира претприемачки ориентирана младина.

    CEED Бизнис клуб Македонија е дел од CEED Global, интернационална организација која е застапена на 18 пазари-држави, низ 4 континенти во светот и која има изградено мрежа од повеќе од 2000 компании, а поддржани повеќе од 65000 претприемачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично