ПОВЕЌЕ

    Потпишан договор со германскиот БМЗ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, планирани нови 775 работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован Деспотовски и извршниот директор и основач на „БМЗ” Свен Бауер денес во Франкфурт го потпишаа договорот за инвестиции, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

    Вицепремиерот Битиќи, по потпишувањето изјани дека стабилното и предвидливо деловно опкружување кое влева доверба, низата на конкурентни мерки за поддршка на нови инвестиции, дале конкретен резултат, БМЗ по само неколку месечни разговори со претставници на државата да донесе одлука за реализација на инвестицијата и изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 2. „Радува фактот дека инвестицијата ќе се реализира од високо технолошки напредна компанија, која својот раст и развој го проектира врз основа на истражување и развој, на напредно знаење, што значи дека во нашето стопанство ќе донесе иновативни технологии, практики на управување и експертиза, кои воедно може да се пренесат и на домашните компании во Македонија“, рече Битиќи.

    Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката е планирано да започне кон крајот на 2023 и да заврши најдоцна за 24 месеци. Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје се планира сериско производство на батериски производи, а планирано е со оваа инвестиција да се отворат 775 нови работни места.

    Се работи за капацитет кој ќе претставува најсовремена фабрика во ТИРЗ Скопје 2, организирана во три модули за производство и администрација со вкупна површина од 12.000 метри квадратни плус логистички центар, соопштија македонските претставници.

    Групацијата BMZ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна, Германија. Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД, а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично