ПОВЕЌЕ

    Постепено месечно вложување: едноставен чекор кон сигурна финансиска иднина

    Време зa читање: 3 минути

    Во време кога секојдневните трошоци растат, а иднината бара сè поголема финансиска стабилност, многу луѓе бараат начин да создадат заштеда без големи и еднократни издвојувања. Постепеното месечно вложување е токму таков пристап: вложувате мала, однапред определена сума, но редовно и ја оставате со тек на време да расте.

    НЛБ Фондови ја поедноставија оваа идеја преку програмираните планови, кои се идеални за сите што сакаат практично и автоматизирано инвестирање.

    Како функционира постепеното вложување?

    Кога секој месец издвојувате фиксна сума (пример: 2.000 или 3.000 денари), тие средства автоматски се инвестираат во инвестициски фонд кој инвестира во глобални компании што ги користиме секој ден: Apple, Microsoft, Amazon, Nvidia и други водечки имиња.

    Со секоја месечна уплата добивате нови удели во фондот. Со тек на време, вредноста на тие удели се зголемува благодарение на растот на пазарите и редовноста на вложувањето. Така, по неколку години можете да постигнете резултат што традиционалното штедење едноставно не може да го понуди.

    Тим од професионални аналитичари го следи пазарот и ги бира компаниите, па вие немате обврска да ги следите берзите или финансиските вести.

    Примери од секојдневието што го објаснуваат принципот

    Иако инвестициите понекогаш звучат сложено, принципот на постепено вложување го практикуваме секој ден.

    Секој месец плаќаме интернет, мобилен, вода, струја. Без двоумење, затоа што знаеме дека ни се неопходни.

    Замислете само еден од тие „месечни трошоци“ да работи за вас.

    • Кога пазарот расте – вредноста на веќе купените удели се зголемува.
    • Кога пазарот паѓа – за истата месечна сума купувате повеќе удели.

    Промената не доаѓа преку ноќ, но упорноста носи вистински резултати.

    Формулата е едноставна:
    РЕДОВНОСТ + ВРЕМЕ = РАСТ

    Како изгледа сето ова во бројки?

    Практичен пример:
    3.000 денари месечно × 10 години, со претпоставен просечен годишен принос од 8%.

    • Вкупно уплатено: 360.000 денари
    • Проценета вредност по 10 години: околу 549.000 денари
    • Проценет раст: приближно 189.000 денариОва е информативна симулација, направена според методологија што ја користи инвестицискиот калкулатор на НЛБ Фондови. Симулацијата не претставува гарантиран принос.

    Зошто програмираните планови се практични?

    1. Почнувате со мала сума – доволни се и 1.000 денари месечно.
    2. Автоматизација – со траен налог вложувате без да размислувате секој месец.
    3. Целосна флексибилност – можете да паузирате или да менувате сума.
    4. Инвестирање со цел – образование за децата, пензија, патување, дом, личен проект.
    5. Потенцијал за поголем раст – акциските фондови историски носат повисоки приноси од класично штедење (иако имаат краткорочни осцилации).

    Кој може да ги користи програмираните планови?

    • Родители кои сакаат да создадат финансиска поддршка за идни планови на своето дете.
    • Лица што сакаат дополнителна пензија.
    • Секој што има лична цел (дом, автомобил, патување, сопствен бизнис) и сака постепено да се приближува кон неа.

    Едноставност што носи долгорочни резултати

    Постепеното вложување е создадено за секого. Не бара големи издвојувања, не бара познавање на пазарите и не бара секојдневно следење на финансиски вести. Бара само еден чекор: редовност.

    Одлуката што ја носите денес може целосно да ја промени вашата иднина.

    Започнете денес – создадете план што работи за вас

    Искористете го промотивниот период БЕЗ ВЛЕЗНИ ПРОВИЗИИ за програмираните планови кој трае до 25.12.2025 година и направете план со бесплатниот калкулатор што ќе ве насочи кон вашите цели:

    Преземи бесплатен план
    https://nlb-fondovi-moi-sonista.mk/

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично