
Кога сакате посна исхрана што не е „еднолична“, туку полна со вкус и идеи, растителните напитоци Имлек Оаза се практичен сојузник за секој ден. Станува збор за 100% растителни напитоци од бадем или овес, создадени да ве следат низ различни моменти во денот од утринско кафе, до брз оброк, смути или мал десерт по ручек.
Имлек Оаза нуди пет различни варијанти, па лесно ќе најдете што ви одговара овес, бадем, бадем без додаден шеќер, чоко бадем и овес бариста, кој со својата богата пена креира незаменливи моменти на кафе-ритуалот во домашна атмосфера.
За утро што почнува вкусно: од кафе до овесна каша
Кафе дома подобро и од кафуле
Ако утрото ви е „ритуал“, Имлек Оаза Овес Бариста е создаден токму за тоа да даде мазност и пенливост што ја сакаат љубителите на капучино и лате.
Идеја: Кафе лате со цимет или ванила
Загрејте Имлек Оаза Бариста, запенете ја со пеналка, па прелијте врз еспресото. Завршете со цимет или малку какао.
Овесна каша „без мака“
Кашата е класика за посни денови а со растителен напиток станува и покремаста. Обичната овесна каша може да стане „совршен оброк“ со Имлек Оаза.
Идеја: Каша со овошје и јатки
Овесни снегулки прелијте со Чоко бадем, додадете банана, јаболко, суво грозје и ореви или лешници. На крај мала лажичка мед или неколку сечкани урми.

Имлек Оаза е практичен избор во пост и надвор од него
Имлек Оаза е напиток со 100% растително потекло, па е погоден за консумација за време на пост, а и за вегетаријанци и вегани. Не содржи лактоза, што е корисно за сите оние што избегнуваат млечен шеќер.
Со петте достапни варијанти лесно си правите избор според вашите навики и цели, без разликата дали се за време на постот или надвор од него, изборот е единствен – уживање во секој оброк.
Аналитика








