ПОВЕЌЕ

    ПОСКАПАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ УДРИ ПО ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД – Мирче Јовановски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Ако кризата на Блискиот Исток продолжи и ако цените на енергенсите растат, последиците директно ќе се почувствуваат и во Македонија, вели новинарот Мирче Јовановски во поткастот „Каде се парите?“. Според него, најголемиот удар ќе дојде преку цените на нафтените деривати и енергијата, што ќе го намали животниот стандард на граѓаните. Јовановски предупредува дека во ваква ситуација најмногу ќе бидат погодени најсиромашните, бидејќи минималната плата се утврдува еднаш годишно и наредното усогласување ќе биде дури следниот март.

    „Направена е симулација со 120 долари и над 120 долари за барел нафта. Тоа би значело сериозен трошок, можеби над 100 – тина евра месечно само за возење што би го плаќале. Тие трошоци кои што неминовно ќе се пренесат и на другите цени, тоа ќе ги зголеми  трошоците за живот значително, за секое домаќинство. Во контекст на актуелната тема за минималната плата, тоа најмногу ќе ги погоди најранливите категории. Тие со високи доходи, мислам дека тој трошок ќе го поднесат. Меѓутоа, во контекст на темата за минимална плата, минималната плата се усогласува еднаш годишно. Ако сега почне тоа да влијае, таа спирала да се јави, дури следниот март ќе има усогласување со минималната плата, што ќе прават тие луѓе во меѓувреме? “

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично