ПОВЕЌЕ

    ПОПУЛАРНАТА ЗАСТАВА 750 ИМА 68 ГОДИНИ, а роденденот го прослави со кругче на Нирбургинг

    Време зa читање: 4 минути

    Еден брачен пар од Белград на оригинален начин го одбележа 68-от роденден на некогаш најпопуларното југословенско патничко возило, Фиќо. Тие својот олдтајмер – Застава 750 го извозеа се до Германија само за да направат со него почесен круг на легендарниот Нирбургринг.

    На 18 октомври 1955 година од производните погони на фабриката Застава од Крагујевац излезе првиот домашен автомобил, најпрвин како основната верзија Застава 600, за подоцна да почне производството на помодерната Застава 750. Автомобилот беше направен по лиценца на италијанскиот производител Фиат поради што брзо го доби прекарот „Фиќо“и влезе во аналите на историјата на СФРЈ. Во текот на трите децении, крагујевачка Застава произведе безмалку еден милион или поточно 923.487 примероци на Фиќо, односно Застава 750.

    Фиќото беше еден од симболите на силниот индустриски развој на Југославија, и, освен што лесно можеа да си го дозволат повеќето југословенски семејства поради цената и економичноста, Застава 750 ја користеа и речиси сите државните служби на Југославија – полицијтаа, пошти, здравствените установи, фабриките и други.

    Лиценцираниот Fiat 600 ја придвижуваше поранешната држава, а тоа беше автомобилот со кој многумина го започнаа својот живот на четири тркала. Автомобилот и денес има многу обожаватели, а меѓу нив е и младата брачна двојка од Белград, Јована и Марко, кои во својата колекција имаат и интересен Фиќо.

    Станува збор за Zastava 750 SC од 1978 година, а ќе остане запаметен по тоа што го посети и Нирбургринг за време на своето патување низ Европа.

    „Прво, патувањето до Nürburgring беше идеја за меден месец на мојот сопруг Марко, а како дел од нашето патување низ Европа со нашите автомобили. Планиравме да ги посетиме најголемите европски градови на пат кон Германија, но и да го внесеме Фиќо во списокот на легендарни болиди кои возеле на оваа патека“, ни раскажува гордиот сопственик.

    На ова патување Фиќо го придружуваше уште една легенда. Тоа беше Opel Calibra V6 на Марк од 1992 година, еден од најатрактивните и најценетите Opel во „поновата“ историја на марката. Фицо беше прегледан ден пред патувањето, сменето масло и поставени се четири нови гуми Tigar. Резервните делови поради можни дефекти се ставаат во куфер на покривот на автомобилот.

    Патувањето од над 2.000 км ги доведе до бројни градови. На патувањето ги посетија Будимпешта, Прага, Франкфурт, се разбира Нирбург и дури на север до Хамбург и Либек. Посетуваа и безброј места, а Фиќо насекаде побудуваше голем интерес кај минувачите.

    Гордата сопственичка на фиќото била изненадена што овој автомобил не исчезнал од меморијата на многу жители на Западна Европа. „Многу луѓе ме прашуваа за кој автомобил се работи, и зачудувачки, многу луѓе знаеја за кој автомобил се работи. Слушнаа за Zastava, ја препознаа познатата форма на Fiat 600 и сакаа да слушнат повеќе за историјата на оваа соработка“, вели Јована.

    Фичото на овој брачен пар, кој беше темелно реставриран пред пет години, одлично се справи со патувањето без ниту еден дефект. Заменувањето на четкичките на бришачите и затегнувањето на завртката на карбураторот беше сè што беше направено како подготовка за патувањето, заедно со полнењето гориво.

    На крајот, фиќото извозе круг на Нирбургринг и тоа со фабричкиот мотор.
    „Најголемото изненадување на многу посетители на пистата за трки беше тоа што нашиот Фиќо дојде со оригиналниот фабрички мотор. Многумина бараа да видат што има под хаубата, а кога го видоа моторот на Застава со неколку ситни измени, во најмала рака беа изненадени“, ни открива Јована.

    Фиќото на Јована и Марко има и свој Инстаграм профил, под името @Chips the Fica, каде пишуваат за авантурите на своето автомобилско милениче. Во текстот се користени фотографии од овој Инстаграм профил.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично