ПОВЕЌЕ

    Популарната атракција на Закинтос годинава недостапна за туристите

    Време зa читање: 3 минути

    Грчката влада потврди дека забраната за влез на плажата Навагио во Занте (Закинтос) е продолжена до 2024 година.

    Малиот залив со песок стана една од најпопуларните дестинации во земјата поради тоа што е место на познат бродолом, а туристите напросто ја обожуваат локацијата. Но, сеизмичката активност и загриженоста од лизгање на земјиштето значат дека плажата мора да биде затворена.

    Грчкото Министерство за туризам откри дека инспекцијата во март минатата година соопштила дека постои значителен ризик од лизгање на земјиштето поради силната ерозија на околните падини.

    Потонатиот брод, MV Panagiotis, беше насукан во 1980 година.

    Оттогаш остатоците останаа на плажата, но неодамнешното невреме доведе до измивање на делови од остатоците, според локалниот печат.

    Сликите од локацијата покажуваат колку бродот се распаднал во последната деценија. Сега се зголемува притисокот за локалните власти да го заштитат она што остана.

    Градоначалникот на Закинтос, Јоргос Стасинопулос, изјави за државната телевизија ЕРТ: „Време е општината да управува со ова конкретно место. Бродот исчезнува; тоа е последна шанса да се спаси она што остана“.

    Назад во 2018 година, на плажата Навагио – исто така наречена Плажата на бродолом или Заливот на шверцерите – седум лица, меѓу кои две деца, беа повредени откако дел од карпата висока 200 метри се урна на плажата. Поради тоа плажата беше привремено затворена.

    И пред две години имаше големо лизгање на земјиштето по земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтер кој повторно ја затвори плажата.

    Додека плажата сè уште е затворена, чамците сè уште можеа да се закотват блиску до брегот за да им овозможат на туристите да ги фотографираат потонатиот брод.

    Бродовите ги носеа туристите во одредена област во заливот за само 20 минути по брод, почнувајќи од 8 часот наутро и до 15:30 часот.

    Туристите не можат да пливаат на локацијата бидејќи тоа е забрането според правилата на затворање.

    Градоначалникот Стасинопулос, исто така, препорача да се контролира колку туристи можат да пристапат до плажата, што властите досега не го превземаа. Но, нема да бидеме изненадени ако нешто драстично се случи наскоро со оглед на страшната ситуација со која се соочуваат остатоците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично