ПОВЕЌЕ

    Политичарите му се лути на Џеф Безос

    Време зa читање: 2 минути

    Околу 400 светски политичари испратија писмо до основачот на Амазон, Џеф Безос, во кое бараат компанијата да ги смени деловните практики.

    Во писмо до извршниот директор на Амазон и најбогат човек на светот со нето вредност од 185 милијарди долари, лидерите велат дека светот „знае дека Амазон може да си дозволи да им плаќа на своите работници, еколошки трошоци и даноци“, но дека компанијата „избегнувала да им ги плати долговите на работниците.“

    Меѓу потписниците на писмото до Безос се американските конгресмени Илхан Омар и Рашида Тлаиб и потпретседателката на Европскиот парламент Хајди Хаутала, како и голем број членови на парламенти од Велика Британија, и политички фигури од Турција, Франција и Грција.

    Тие посочуваат дека богатството на Безос драматично се зголеми за време на пандемијата затоа што потрошувачите се снабдуваат со основни добра и се свртуваат кон купување преку Интернет во поголем број од кога било досега.

    Политичарите ширум светот сакаат Амазон да ги зголеми платите на своите работници во сите магацини, и да се посвети на нула емисии до 2030 година, тврдејќи дека јаглеродниот отпечаток на „Амазон“ е „поголем од емисиите на две третини од земјите низ целиот свет“, како и да обезбеди транспарентност во врска со приватноста и користењето на податоците на своите клиенти.

    Вработените во Амазон „влегуваат во опасни работни односи со работодавачот, уживаат малку бидејки платите многу тешко се зголемуваат “, се вели во писмото.

    Политичарите исто така го критикуваат износот на даночните придонеси на Амазон.

    „Со глобалното затајување данок, му штетите на јавното здравство, образованието, домувањето, социјалното осигурување и инфраструктурата“, се вели во писмото.

    Амазон не одговори веднаш на барањето за коментар, но во изјавата за Индипендент се вели дека како голема компанија, тие го поздравуваат надзорот на креаторите на политика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично