ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: СО 4.2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ПОКРИЕНА ПЕНЗИСКАТА ДУПКА, менувачниците ќе купуваат евра од банките

    Време зa читање: 3 минути

    Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја објави најновата статистика за пензиите за месец февруари. Податоците покажуваат дека вкупниот број на пензионери во вториот месец од 2022 година изнесува 326 646 пензионери. Просечната пензија во февруари изнесувала 16.293 денари.

    Од вкупниот број на пензионери 325 636 добиле пензија врз основа на работно право, 940 се запишани како воени пензионери и 70 лица се корисници врз основа на земјоделско право. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.472 денари, највисока воената од 23.576 денари. Просечната семејна пензија изнесува 13.031 денар, инвалидската 14.657 денари, старосната 17.592 денари.

    Статистиката на ПИОМ покажува огромен јаз меѓу примањата на пензионерите

    Прочитај: НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ

    Прочитај: НАЈВИСОКИ ПЕНЗИИ

    Порталот „Пари“ ги анализираше трансферите од Буџетот во Фондот за ПИОМ, што се извршија во последните 10 година. Притоа, се земени во предвид износите со рабалансираните буџети. Токму трансфeрите кон Фондот за ПИОМ често беа ставка во ребалансите, при што некогаш износите се зголемуваа, а некогаш се намалуваа.

    Податоците покажуват дека од 2012 година до 2021 година, со исклучок на 2019 година, постојано се зголемувал апсолутниот износ што се префрлал за да може нормално да се исплатат пензиите.  Планирениот износ во 2022 година е за 71 поцент поголем од трансферот во 2012 година. Вкупниот износ на прите што државата ги префрлила во Фондот на ПИОМ во последните 10 години е 4,2 милијарди евра!

    Дознај ги милионските ТРАНСФЕРИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ БУЏЕТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

    Целата анализа Пензиската дупка за 10 години „проголта“ 4,2 милијарди евра од државната каса достапна на следниот линк: http://pari.com.mk/pari-analiza-penziskata-dupka-za-10-godini-progolta-42milijardi-evra-od-drzavnata-kasa/

    Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка: МЕНУВАЧНИЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ ЕВРА ОД БАНКИТЕ

    Со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката.

    Започна глобалната недела на парите и ќе трае  до 27 март 2022 година.

    Оваа година темата е „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно” (Build your future, be smart about money), каде ја доловува важноста на размислувањето за сопствената иднина при донесувањето важни финансиски одлуки. Продолжи со читање [ т у к а ]

    Читај и:

    Орка Холдинг купи 7.337 акции во Жито Полог АД Тетово

    Одберете ја најдобрата финансиска понуда при носење одлука за нов дом

    „Honda“ со повеќе од 1 милијарда долари ќе ги надгради капацитетите во Канада

    Цените на нафтата повторно скокаат

    „Амазон“ го купи „МГМ“. Оваа зделка е обратна од она како повеќето филмски зделки функционираат, при што повеќето студиа преземаат партнери кои го имаат најголемиот дел од ризикот за филмот, а студиото зема големи трошоци од врвот. Читај на линкот

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично