ПОВЕЌЕ

    Чија е акцијата што загуби 91,29 проценти од својата вредност?

    Време зa читање: 2 минути

    Акцијата на струмички „Оранжерии Хамзали“ е на врвот од листата на Македонска берза со најголем пораст на цената. За една година бележи позитивна промена од 53,23 процнети.

    Од 201 денар – состојба забележана на 29 декември 2022, просечната цена на крајот од минатата година доаѓа до нивото од 308 денари.

    Со зголемување од 42,57 насто второрангирана е акцијата на „Окта“, која 2023 ја заокружи со просечна цена од 4.990 денари. За разлика од 2022, кога имала просек од 3.500 денари.

    Берзанската статистика вели дека на крајот од 2022 просечната цена на акциите издадени од УНИ банка била 4.005,60 денари, а 2023 ја завршила со 5.665,15 денари. Овде промената е 41,43 проценти.

    За една година, за 24,64 насто е зголемена просечната цена на акцијата од НЛБ банка. Забележано е движење – од 23.700 денари (крај на 2022) до 29.539,32 денари на последниот работен ден од 2023 година.

    Во ова друштво е и акцијата на Комерцијална банка, чија просечна цена на крајот од минатата година е 14.226,83 денари. Претходното ниво било 11.678,26 денари, што претставува раст од 21,82 насто.

    Годишниот статистички билтен на Македонска берза ги бележи и акциите кои ја следеле надолната линија на движење.

    Со пад од 91,29 проценти, на неславната листа прва е акцијата на ЖАС Скопје. Од 310 денари во 2022, просечната цена се спушта на 27 денари.

    Нешто поблаг пад – од 73,6 отсто доживеала акцијата на „Единство“ Струмица. Просечната вредност е 80 денари, а на преклани била на нивото од 303 денари.

    Во оваа група е и акцијата на Централна кооперативна банка. Просечната цена од  600 денари (29.12.2022) речиси се преполовува – 350 денари (28.12.2023). Тука се работи за минус од 41,67 проценти.

    Од 970 на 615 денари е патеката по која се движела просечната цена на акцијата емитувана од „Жито Караорман“ Кичево. Забележаниот пад е од 36,60 проценти.

    Петтопозициониран на оваа листа, со намалување од 33,33 проценти, е „Раде Кончар“. Просечната цена на крајот од 2022 била 2.100 денари, а минатата година ја завршува со вредност 1.400 денари.

    БЕРЗАНСКИОТ ПРОМЕТ ОСТАНА СО КУСИ РАКАВИ – Лани се намалил за речиси 40 отсто во однос на 2022

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично