Производите од брендот „Винчини“ се промовираат во општествено одговорната акција што ја реализира скопската Општина Центар. Во промотивните материјали наменети за граѓаните и партнерите се и тие од фабриката, која неодамна беше зафатена од пожар кој предизвика сериозна материјална штета. Одделни производни линии изгореа, па производниот процес извесно време неше во прекин.
Акцијата, пак, се одвива во рамките на општинските активности за поддршка на домашното производство и промоција на локалната економија. Токму затоа овој гест претставува силна порака на солидарност, поддршка и единство со домашните компании, особено во моменти кога тие се соочуваат со предизвици.
Преку овој симболичен, но значаен потег, Општина Центар покажа дека институциите можат да бидат вистински пример за општествено одговорно однесување и дека поддршката на домашните брендови е клучна за заедничкиот економски и општествен развој.
Воедно, оваа иницијатива наиде на позитивен одглас од јавноста, како пример за позитивна пракса која ги поврзува локалната самоуправа, стопанството и граѓаните во духот на солидарноста и заедничка грижа за домашната економија.
Аналитика








