ПОВЕЌЕ

    „ПОЧНАВМЕ БИЗНИС ВО ЛИБИЈА – ИАКО Е ЕДНА ОД НАЈОПАСНИТЕ ЗЕМЈИ“ – Душан Пецовски (Реплек) во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Кога македонска компанија ќе влезе на пазар кој сите го избегнуваат – тоа значи храбра стратегија, не среќа. Како е донесена одлуката да се влезе во Либија која во моментов е е меѓу најнестабилните земји во светот. Одлуката носи ризик, но и шанса што другите не ја гледаат. Душан Пецовски, првиот човек на „Реплек“ во поткастот „Каде се парите?“, раскажува како се решиле на овој чекор, што значи да излезеш од комфорната зона и која беше првата реакција на неговиот брат кога дознал каде патувал.

    „Отидовме во Либија и се вратив, а му кажав на брат ми дека заминувам на пат таму и тој не ми пиша ништо, и кога се вратив ми ја соопшти информацијата дека е една од најопасните земи да се посети… Меѓутоа, шала на страна, во бизнисот нема комфор и тука треба да сме многу искрени, доколку сакате развој, доколку сакате прогрес, некогаш работите се и некомотни. Значи, мора да отидете таму, да се видите лично со луѓето, и пред се за нас бизнисот не е само трансакција, туку тоа се и лични релации кои што треба да траат долги години и сметам дека е многу важно да се воспостави една таква релација.“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично