ПОВЕЌЕ

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ОБИКОЛНИЦАТА ОКОЛУ ТЕТОВО – Инвестиција од 12 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    За изградба на обиколница околу Тетово ќе се инвестираат 12 милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Изградбата почна денес, а ќе бидат изведени 5,4 километри од клучката Требош до Непроштено, со кои ќе се придонесе за забрзан економски развој.

    Планирано е обиколницата да има по две коловозни ленти од двете страни, во ширина од 6,6 метри. Исто така, по целата должина на делницата, со широчина од околу три метри, ќе има паралелни тампонски сервисни патишта.

    Инвестицијата е од големо значење за развоотј на патната мрежа низ државата, а ќе претставува и големо олеснување за граѓаните од Тетово, Желино, Теарце, Јегуновце и од сите места поврзани со овие општини, смета министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Според него, со изградбата на обиколницата ќе се забрза економскиот развој на регионот, ќе го растовари сообраќајот и ќе се олесни пристапот на многу компании кои работат во овој дел од државата.

    Обиколницата ја гради ГП „Гранит“, а треба да е готова до мај идната година, односно рокот за изведба е 15 месеци.

    На настанот присуствуваа техничкиот премиер, министри, пратеници и  претставници на локалната самоуправа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично