ПОВЕЌЕ

    Победниците од Европскиот квиз на пари ги подучуваа новите натпреварувачи

    Време зa читање: 2 минути

    Вчера  се одржа есредба на европските вицешампиони од минатите две години, Марко Инѓилизов, Викторија Петрова и Христијан Андовски, како и ментори на наградени ученици, со пријавените тимови на учесници за Европскиот квиз на парите за оваа година. На настанот учествуваа околу 460 деца од целата земја, што укажува на масовноста на овој квиз и на големиот интерес на младите за финансиска едукација.

     Вицешампионите и менторите ги споделија нивните искуства од учеството на натпреварите од минатите години и одговараа на прашањата од учениците. Покрај тоа, учениците активно се вклучија во пополнување на анкетен прашалник за прашања од областа на нивните знаења и подготовки на натпреварот. Значајно е што повеќето учесници се изјаснија дека се пријавиле на овој квиз затоа што учат нови работи од областа на финансиите.

     Учесниците се запознаа и со функционалноста на електронската платформа „Кахут“ преку која ќе се реализира националниот натпревар на 24  март 2021 година, со која се реализираше и конкретна вежба за натпреварот, како подготовка за националниот натпревар.

    Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, организиран од  Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

    За националниот натпревар се пријавија вкупно 174 одделенија со над 650 ученици од 72 училишта од целата држава. Националните победници ќе ја претставуваат нашата земја на Европското финале на 16 јуни 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично