ПОВЕЌЕ

    По протестот на вработените во Пошта – стигна и декемвриската плата

    Време зa читање: 2 минути

    Надминат е проблемот во Пошта – вработените ја примија платата за декември, чие доцнење беше причина за нивниот денешен протест.

    „Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД Пошта. АД Пошта се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат даваме целосна поддршка во процесот на реформирање на претпријатието со изготвување нова систематизација со цел АД Пошта да се издигне на ниво на конкурентен давател на услуги на пазарот“, посочуваат од синдикалната организација на акционерското друштво во државна сопственост.

    Од Синдикатот истакнуваат дека и понатаму ќе ги застапуваат правата на вработените, а решението го гледаат во дијалогот меѓу засегнатите страни:

    „Сметаме дека отворен дијалог со сите засегнати страни е единственото решение да ги оствариме правата на вработените во АД Пошта, а претпријатето да ја постигне својата цел како државен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај“.

    Иако ненавремената исплата е редовна појава во изминатиот период, денешните протести на вработените од сите филијали на Пошта во државата беше мотивирана од доцнењето на платата за декември. Воедно, од Синдикатот беше речено дека раководството било известено дека ќе има протест ако платата не биде исплатена до 15 јануари. Исто така, вработените негодуваа дека ем  работат за минимална плата, ем не ја добиваат навреме.

    На денешните протести беше најавено ако и јануарската плата не биде исплатена во законски утврдениот рок, ќе се размислува за следните чекори кои не ја исклучуваат и можноста за штрајк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично