ПОВЕЌЕ

    По преземањето – АЛТА банка Битола ќе го менува составот на Надзорниот одбор

    Време зa читање: 2 минути

    АЛТА банка ќе го разреши актуелниот состав на Надзорниот одбор и ќе именува нови членови. Двете предлог-одлуки ќе се разгледуваат од акционерите на претстојното Собрание закажано за 27 февруари. Промените следуваат по извршеното преземање на Банката од страна на АЛТА банка АД Белград, која поседува 95,13 отсто од акционерскиот капитал.

    Со првата предлог-одлука се предлага разрешување на петмината актуелни членови на Надзорниот одбор: Гордана Гацева (претседател и независен член), Борислав Атанасовски, Стевчо Јолаковски, Игор Камбовски и Антони Пешев (независен член). Разрешувањето ќе произведе правно дејство по добивање согласност од Извршниот одбор на Народната банка за новоименуваните членови.

    Паралелно со тоа, Собранието ќе одлучува и за именување нов Надзорен одбор со мандат од четири години, составен од пет члена, од кои независни. Имињата на кандидатите не се наведени.

    Воедно, предвидено е членовите на Надзорниот одбор да добиваат месечен нето-надомест од 60.000 денари. Претседателот на Надзорниот одбор ќе има надомест од 120.000 денари. За членовите кои живеат надвор од Битола ќе се покриваат и трошоците за патување и сместување.

    Од Банката појаснуваат дека овие одлуки се дел од процесот на персонално комплетирање на управувачката структура по промената на сопственоста, со цел непречено функционирање и усогласување со законските и регулаторните барања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично