ПОВЕЌЕ

    По Германија и Шпанија со повик за дијалог со Кина – Стоп за спиралата на трговската војна

    Време зa читање: 3 минути

    Кина започна истрага за увозот на свинско и производи од свинско месо од Европската унија, откако производителите организирани во Кинеската асоцијација за сточарство реагираа дека тие се продаваат по вештачки ниски цени. Истрагата, меѓу другото ќе опфати и свежо и замрзнато свинско месо.

    Надлежната државна агенција треба да ја заврши истрагата во рок од една година, со можност, доколку е потребно, да добие дополнителни шест месеци, посочуваат од кинеското Министерство за трговија.

    Европската унија ќе интервенира на соодветен начин, за кинеската истрага да биде во согласност со сите релевантни прописи на Светската трговска организација (СТО), изјави портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил.

    Сепак, во ЕУ има засегнати страни – Шпанија како голем извозник на свинско во Кина. Мадрид повика на разговори со Кина за отстранување на заканите од нови царини и запирање на спиралата на трговската војна. Со тоа им се придружи на германските власти во повикот за дијалог со Пекинг.

    „Се надевам и очекувам дека ќе има простор за разбирање, за преговори и дека ќе успееме да избегнеме воведување царини за земјоделските и прехранбените производи“, изјавил шпанскиот министер за земјоделство, Луис Планас, пишува „Ројтерс“.

    Сепак, со оглед најавата за долготрајноста на истрагата, шпанскиот министер оценува дека Пекинг нема веднаш да воведе царини за свинското месо од ЕУ. Минатата година Шпанија и испорачала на Кина 560.488 тони производи од свинско месо, во вредност од 1,2 милијарди евра. Тоа е една петина од обемот на шпанскиот извоз на овие производи и 13,7 отсто од неговата вредност, покажуваат податоците на здружението на производители на свинско месо Interporc. Според асоцијацијата, Шпанија учествува со 21 отсто во вкупниот увоз на свинско месо во Кина.

    Одлуката на Кина за антидампинг истрагата уследи по предупредувањето на Брисел за можно воведување дополнителни царини за увоз на електрични автомобили со батерии од Кина, кои се движат од 17 до 38 отсто, поради „нефер субвенциите“ за производителите. Брисел истражува и можна незаконска помош од кинеските власти во голем број други сектори.

    Заканата од Брисел предизвика негодување во германската влада и во деловните кругови. Министерот за транспорт Фолкер Висинг минатата среда предупреди дека европските тарифи ќе имаат негативно влијание врз германските компании, нагласувајќи дека „возилата мора да поевтинат преку пожестока конкуренција, отворени пазари и значително подобри услови за производство во ЕУ, а не преку трговски војни и затворање на пазарите“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично